Во СВР Битола синоќа била пријавена кражба на риби од рибник Букри. Полициски службеници излегле на местото и затекнале патничко возило со приколка полна со риби и пет лица – А.С.(33) од Битола, А.Н.(34) од с.Живојно, П.С.(54) од Битола, Б.А.(25) од с.Гермијан и С.К.(61) од с.Канино.
Лицата биле уапсени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.