На граничниот премин Долно Блаце при влез во земјава, во попладневните часови на 9 октомври, бил уапсен 37-годишен турски државјанин.
Како што информираат од МВР, при извршената гранична контрола било констатирано дека тој е на листата „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол.
Турчинот бил предаден во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.