Туристка од Холандија вчера била пронајдена мртва во хотел во Струга.
Според информациите на МВР, В.С.(27) од Холандија, која бил дел од група туристи, била пронајдена мртва. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.