Во Битола кај новата трибина на стадионот под Тумбе Кафе продолжува
ископувањето на бомби.
Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола продлжуваат со подигнување на пронајдените артилериски гранати од Првата светска војна.
Заклучно со вчерашниот ден извадени се 4.500 парчиња гранати, а како што велат се очекува таа бројка да се искачи и до 10.000.
Пронајдените гранати со возило во кое се товарат од 150 до 170 гранати, се носат во магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување, а подоцна тие се уништуваат на полигонот на Криволак. М.М.