Скопската полиција денеска (10 мај) приведе тројца жители на Арачиново – Г.М.(40), Х.А.(19) и Е.Н.(23) поради сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во периoдот од декември 2020 до февруари 2021 година.
Полицијата извршила претреси во домовите на трите лица при што пронајдени биле дигитална вага, марихуана, фантомки и други предмети.
Осомничените се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.