Полицијата приведе тројца дилери кои синоќа продавале марихуана во Градскиот парк во Скопје.
– При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица – велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.