Прилепската полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп против три лица заради постоење основано сомнение дека извршиле тешки кражби во рудници во Мариово.
Како што информираат од СВР Битола две од осомничените лица се од Прилеп, едно од село Црнилиште.
Тројцата од септември 2019 до април годинава извршиле четири тешки кражби во рудниците во с елата Бешиште и Мелница, Мариово.
Од рудниците е краден различен алат – брусалици, агргати, возила, при што направиле штета на неколку фирми во вредност од 280.000 евра.

Ка.М.