Вчера околу 10 часот, полициски службеници и претставници на шумската полиција од Кичево, во атарот на село Карбуница, Кичевско, во нелегална сеча на дрва ги затекнале Ф.А.(38),С.М.(34) и Е.М(.28) сите од Кичево, кои со моторни пили неовластено пресекле 16 дабови стебла.
Лицата што се затекнати во недозволена сеча на дрва се приведени, одземени им се моторните пили и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Ова не е единствен случај на недозволена сеча, истото се случува во повеќето региони во општината, често и на приватни имоти. З.А.