Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, синоќа реагираше на одлуката на бугарскиот претседател Румен Радев и на привремената влада за испраќање на помош за справување со пожарите во Македонија, во ситуација кога горат пожари и во Бугарија.
– Прекрасно е да си солидарен, но не мислам дека кога истовремено горат твојата и куќата на соседот, ти треба да заминеш да го гаснеш пожарот на соседот. Одлично е што и помагаме на Северна Македонија, и така е правилно, но до што води тоа? Кај нас пожарникарите не се доволи и со пожарите треба да се справуваат шумските службеници – порача Трифонов.
Бугарија испрати пет противпожарни возила на помош во Македонија, при што пожарникари од Благоевград учествуваат во борбата против пожарот кај Пехчево. Токму тој пожар претставува закана и за Бугарија, со што локалните власти алармираа дека огнот се доближува до границита и би можел да ги зафати и бугарските општини во близина.
Веста за пожарите во Македонија е главна тема во бугарските медиуми, кои потсетуваат дека Бугарија им помага на Пехчево и на Делчево во справувањето со пожарите.