На граничниот премин Деве Баир, денеска, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР-теста на ковид-19 за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.
Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени, соопшти МВР.
Приведени се двајца албански државјани, кои биле изведени пред судија на претходна постапка. За преостанатите 28 патници – македонски државјани – ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство.