Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.
Судија на претходна постапка ѝ определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот “Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.
Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот “Империја”.
Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.