Во дневниот билтен МВР информира дека вчера предпладне на комплекс клиники „Мајка Тереза“ е донесено починато тригодишно дете.
-На 12.12.2018 година околу 10 часот од страна на лекар од Детската клиника во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека е донесено починато тригодишно дете од Скопје- соопшти МВР.
Известен е и јавен обвинител и се извршува обдукција.
Сè уште нема подетални информации за случајот.