Четириесет и петгодишен жител на Неготино вчера додека работел со трактор на нива во атарот на селото Тимјаник, му се превртел тракторот и тој починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.