Во полиција вчера во утринските часови било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, товарно возило удрило во 77-годишен пешак и го напуштило местото на незгодата.
Пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.