Осумнаесетгодишно момче е осомничено дека ограбувало возила во Тетово и дека украло пари и лекови од Клиничкиот центар во градот.
Полицијата поднесе кривична пријава против А.З. (18) од село Озормиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.
Во периодот од 11 февруари до 07 март на подрачје на Тетово, пријавениот, извршил тешки кражби во возила и одземал делови, пари и разни предмети, а во Клинички центар – Тетово со употреба на сила влегол внатре и одзел пари и лекови.