На магистралниот пат Штип – Велес кај кртосницата Овче Поле, вчера околу 18.55 часот, Г.С.(48) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „опел мовано” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак М.Г.(57) од Свети Николе.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa М.Г., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.
МВР денеска соопшти дека е извршен увид на местото на настанот.