Tриесет и деветгодишен жител на Скопје е повреден откако вчера околу 09:20 часот во него удрил автомобил „сеат алтеа“.
Сообраќајката се случила на булеварот „Александар Македонски“, а повредениот Н.Т. е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Возилото било управувано од М.А. (32).
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.