Вчера околу 11 часот во Битола на улицата „Цар Самоил“ патничко моторно возило „Опел Корса“ удрило во пешакот Ц.Ј. (67) од Битола.
Возилото со битолски регистерски таблици било управувано од 77-годишниот Н.Ц. (77) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ј. по што била пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола.