Седумдесет и осумгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Гевгелија – Богданци.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера помеѓу камион „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци.
Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.