Во два одделни случаја во Скопје, во текот на вчерашниот ден (30 јануари) тешко повредени се тројца пешаци, откако биле прегазени од автомобили. Според информациите од МВР, станува збор за женски лица на возраст од 78, 74 и 23 години.
Првиот инцидент се случил вчера околу 15 чaсот во населба Аеродром, на крстосницата од булевар АСНОМ со улицата „Васко Карангелески“. Автомобил „опел вектра“, со скопска регистрација, управуван од 41-годишниот Г.Г. од Скопје, удрил во пешаците В.Г. (78) и О.Ш.(74), двете од Скопје.
Во незгодата двете жени се здобиле со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во вториот инцидент, исто така тешко повредена е 23-годишна девојка. Тој се случил синоќа во 21 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош.
Како што информираат од МВР, во пешакот Н.К.(23) од Скопје удрил автомобил марка „ауди А3“, управуван од 23-годишен скопјанец (Д.И.). Веднаш потоа девојката било итно пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во двете ситуации полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на расчистување на случаите.