Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на крстосницата кај улиците Св. Кирил и Методиј и Народен фронт.
Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано Л.Љ.(31) од селото Радуша, Скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Љ.(29) од с.Радуша, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото ‘ауди’, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ – соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.