На локалниот пат помеѓу селата Радишани и Љуботен завчера се случила тешка сообраќајна несреќа кога дошло до судир на два автомобила.
Од МВР информираат дека несреќата се случила во 19.30 часот кај место викано „Ризова чешма“ кога патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.З.(21) од Скопје се судрило со патничко моторно возило „Мерцедес А“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Ј.(47) од Скопје.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатник на возраст од 17 години од возилото „Фолксваген Голф“ додека со телесни повреди се здобил возачот на “мерцедесот“ Х.Ј. како и двајца негови сопатници на возраст од по 12 години.
Возачот на „голфот“ С.З. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.