СВР Тетово поднесе кривична пријава против триесетгодишна жителка на струшкото село Горно Татеши поради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Таа на 17 септември годинава на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм креирала лажни профили на име на 36-годишниот С.З. од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што на нив објавувала компромитирачки фотографии.