На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, вчера во попладневните часови се случил посериозен сообраќаен инцидент, во кој тетовец со автомобил влетал во поголема група пешаци.
Како што информираат од МВР, 61-годишник од тетовското село Мала Речица управувајќи автомобил „фолксваген голф“, удрил во десетмина пешаци од неколку села во околината на Тетово, на возраст од 46 до 76 години.
Во незгодата со тешки повреди се здобил еден од нив, 75-годишен жител на селото Јажинце. Тој бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.
Останатите пешаци се здобиле со полесни повреди и пуштени се на домашно лекување.