Вчера на автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на реката Вардар товарно моторно возило со тетовски регистарски ознаки излетало од патот и удрило во метална ограда.
Од полицијата информираат дека со возилото управувал 25-годишен тетовец, кој по несреќата со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.