СВР Тетово го сомничи Ј.Џ. (38) од тетовското село Горна Лешница дека извршил силување и разбојничка кражба на српска државјанка, која претходно ја пречекал на нелегален граничен премин и ја превезувал до селото Пирок.
Настанот, како што информира МВР, се случил на 27 декември минатата година, а случајот вечерта околу 23:00 часот го пријавила М.Б. (24) од Ниш, Србија.
Таа пријавила дека откако ја преминала државната граница на нелегален премин и била пречекана од Ј.Џ., со чие што возило се упатиле кон село Пирок, Ј.Џ. застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, а потоа и ја ограбил одземајќи и го накитот што го носела со себе.
По преземените мерки од страна на СВР Тетово го расчистило случајот и до надлежното ОЈО е поднесено известување против Ј.Џ. (38) од село Горна Лешница-тетовско, за сторени кривични дела „силување“ и „разбојничка кражба”.