51-годишен тетовец заработил кривична пријава и се сомничи за узурпација на недвижности и бесправно градење кога на ваков начин изградил две викедички на државно земјиште на Попова Шапка, соопшти полицијата.
СВР Тетово поднело кривична пријава против лицето И. З. (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности и бесправно градење.
На 18.5.2021 полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка, постапувајќи по претходна пријава, во викенд-населбата на Попова Шапка констатирале дека пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на 2020, на катастарска парцела на земјиште сопственост на Република Северна Македонија, без да поседува соодветна дозвола, изградил две викенд-куќи, со што узурпирал државно земјиште со површина од 243 м2, појаснија надлежните.