Во скопското село Таор вчера дошло до нарушување на јавниот ред и мир меѓу С. Д, (23), Г.Д. (32) и Д.Д. (63) од една и Љ Д. (65) од од друга страна.
Како што информира МВР, при расправијата С.Д. со секира замавнал кон Љ.Д., но не го погодил. Потоа Д.Д. и С.Д. физички го нападнале Љ.Д., по што тој се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Случајот бил пријавен во полиција и интервенирале полициски службеници од Полициската станица Драчево. Д.Д. нападнал еден од полицајците.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.