Инцидент бил предизвикан вчера за време на фудбалски натпревар во селото Кравари, Битолско.
Фудбалскиот судија, во полицијата пријавил дека бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола и Ј.Ќ.(23) и А.М.(32) – двајцата од с.Грнчари, Ресенско.
Од друга страна, пак, Ј.Ќ. тврди дека бил нападнат од страна на помошникот на фудбалскиот судија.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.