Лице од Струшкото село Франгово физички нападнало соселанец во кафе бар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според полицијата, вчера во 10 часот и 30 минути, во кафе бар лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од страна на Ф.Ф. (46) врз А.А. (40), двајцата од селото Франгово.
Ф.Ф. бил повикан во Полициската станица во Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.