Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година се изјаснија дека се оштетени, а најавија и оштетено побарување, додека сведочеа која функција ја имале во општеството во тој период и како дознале дека се прислушувани, на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина.
Сведокот Горан Сугаревски ред судот рече дека дека се чувствува оштетен, но дека не бара никаква штета во оваа постапка. Сугаревски кој од 2008 година бил пратеник во Собранието, а од 2011 и координатор на пратеничката група на СДСМ, дознал дека бил цел на прислушување по објавата на Зоран Заев.
Катерина Цаневска, рече дека додека работела во А1 телевизија се случувало за вести или прилог што се уште не е објавен, за тоа да добијат демант од институција или влада, поради што се сомневале дека се прислушувани.
Катерина Цаневска посочи дека се чувствува оштетена, бидејќи е направен удар врз демократијата и нејзината работа како новинар. Таа наведе дека додека работела во телевизија А1 се случувало да добијат демант од институција или од владата за вести што уште не се објавени, поради што се сомневале дека се прислушувани.
Четвртиот сведок Младен Чадиковски, исто така рече дека се чувствува оштетен и најави оштетено побарување. Тој од 2008 до 2011 беше уредник на телевизија А1 телевизија, а до 2013 бил уредник на економска редакција во „Фокус“.
Јадранка Костовска, во текот на нејзиното сведочење потсети дека била била дел од случајот Големо уво од 2011 година, што со неколку новинари го добиле, но никој не одговорал. Таа од 2008 до 2015 беше главна уредничка на неделникот „Фокус“. Костовска посочи дека и била дадена папка со транскрипти од нејзини телефонски разговори и смс-комуникација а прес-конференција на Зоран Заев.
Сведокот оштетен Горан Михајловски кој во тој период работеше како главен уредник на весникот „Вест“, смета дека е оштетен бидејќи, според него, самото прислушување буди чувство на несигурност и за себе и за неговите извори како новинар. Тој најави барање за отштета од еден милион денари.
Новинарот Борјан Јовановски, рече дека за неговото прислушување дознал на прес-конференција на СДСМ.
Адвоктатот на Гордана Јанкулоска, Љупчо Шврговски, на почетокот до судот побара на листата на оштетени да биде додадена и поранешната министерка за внатрешни работи, бидејќи таа е обвинета во предметот „Тврдина“.
Според обвинителниот акт, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.