Утрово полициски службеници извршија контрола во угостителски објект лоциран на улицата ЈНА во Гостивар, при што се приведени две танчарки од Србија на возраст од 45 и 21 година.
МВР соопшти дека тие се задржани во полициската станица во Гостивар за натамошна постапка.