По паузата дадена поради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, во Кривичниот суд продолжи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
На рочиштето треба да бидат слушнати над 1.000 „бомби“ кои СЈО ги има приложено како доказ во постапката.
Одбраната бара „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспорува како валиден доказ. СЈО, пак, бара аудио материјалите да бидат пуштени со исклучок на седум за кои побара јавноста да биде исклучена бидејќи има приватни разговори.
Поради ова, Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука.
За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.