Судскиот совет на денешната седница го разреши експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој беше суспендиран поради истрагата и обвинението за АКМИС-системот. За ваквата одлука на нејавна седница гласале 9 члена, само еден бил против.
Панчевски по добивањето на одлуката има право на жалба, која треба да ја разгледува комисија и да одлучува за неа.
Пред повеќе од три месеци Судскиот совет го разреши Јово Вангеловки, но одлуката по негова жалба сè уште не е правосилна и се очекува деветчлена комисија да одлучува за неа.