Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделски.
– Основниот кривичен суд Скопје, односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање – извести судот.
Камчев бараше времен пасош со рок од една година и понуди гаранција.