Најмалку 20 луѓе загинаа, а 16 се повредени во стампедо, кое настанало за време на миса на стадион во северна Танзанија, вели владин претставник.
Неколку стотици се собрале на стадион во градот Моши, во близина на падините на Килиманџаро, за да бидат помазени со свето масло.
– Дваесет луѓе загинаа, а 16 се повредени во инцидентот. Стампедото настана кога верниците се стрчаа за да бидат помазени со масло. Беше ужасно, луѓето се газеа едни со други без милост – кажа началникот на општината Моши, Кипи Вариоба за Ројтерс и додал дека меѓу загинатите се пет деца.
Пасторот Бонифаце Мвампоса, кој се прогласил за апостол, собира полно луѓе на своите собири со ветување за просперитет како и ветување дека ќе ги излекува верниците кои доаѓаат по тоа што се нарекува „свето масло“ .
Властите стравуваат дека бројот на мртвите е поголем, заради големината на толпата и фактот дека стампедо се случило ноќе.
Во последно време има се повеќе пастори во Танзанија, кои ветуваат извлекување од сиромаштија и лекување на болести.