Синоќа во Битола на улицата „Димче Лахчански“ бил пронајден мртов маж на возраст од 62 години.
Според засега се уште неофицијални информации станува збор за шеесет и двегодишен маж од Србија, со иницијали Д.В.,кој работел во фабриката за квасец и алкохол.
Него го принашле случајни минувачи кои се движеле по оваа мошне фреквентна улица, која се наоѓа во Нова Битола.
За овој случај засега нема подетални информации, ни од СВР Битола, ни од Клиничката болница.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
М.М.