Заев ја смени изјавата
Меѓу преживеаните патници во трагичната несреќа во Бугарија е и српскиот државјанин, за кого претходно премиерот Зоран Заев изјави дека е меѓу загинатите.
-Единствениот српски државјанин кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија тој е меѓу седумте преживеани патници. Како и неговата свршеница од Куманово со која отишле на патување во Истанбул – изјави Зоран Заев за „Курир“.
Српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ истакна дека нема потврда дека има повредени државјани на Србија.
-Нема потврда дека има наши жртви. Никој нема официјална информација дека има српски државјани – изјави Јовиќ за Телевизија Прва и ја повика јавноста да почека официјални информации.