Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци, пренесува весникот „Вјести“.
Повредени се Љ. П. (70) и Н. Ц. (50), двајцата од Охрид, како и четворица српски државјани А. Ц. (19), Н. Л. (18), С. Б. (18) и Н. М. (19).
Полицијата во Будва распиша потерница за Л. Б. (20) од Белград, кој дивеел на градските улици во еден час по полноќ и со автомобил покосил шестмина пешаци.
Полициски патроли по инцидентот ги блокирале излезите од градот откако автомобилот марка „бмв“ бил пронајден на патот кон ридот Топлиќ кога белграѓанецот го оставил бегајќи од полициската потера.
Од „Вјести“ дознале младиот човек околу 1.15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на главниот градски булевар, при што повредил шест пешаци, кои случајно се нашле на тротоарот додека се враќале од центарот.
Кога ги удрил со автомобилот, 20-годишникот продолжил да вози и не застанал да види што се случило со повредените. Набргу полицијата пристигнала на самото место, а патролите ја почнале потрагата, која и натаму е во тек.
За настанот биле известени и сите гранични премини.