Премиерот Оливер Спасовски изјави дека сите бомби што го поседувало СДСМ се предадени на Специјалното јавно обвинителство. Спасовски ги повика институциите да истражат кој ги објавил разговорите меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и тогашниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски.
– Јас не ги слушнав и не знам за што се работи, знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, истражните органи да работат ефикасно, да видат кои материјали се објавени, какви се и од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа – изјави Спасовски.
Вчера на социјалните мрежи беа објавени телефонски разговори на кои се слуша гласот на пратеникот Милошоски.
Милошоски по објавувањето на разговорите, на Фејсбук напиша дека станува збор за снимки, направени нелегално во 2011 година од УБК, кога директор бил Сашо Мијалков. Пратеникот вели дека го знае лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава.