Попладнево околу 15 часот на тетовската улица Страшо Пинџур була спроведена полициска акција во која со асистенција на Единицата за специјални задачи бул приведен 43-годишниот Г.Е. од Тетово.
Како што информираат од МВР, тој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основниот суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци.
Според информнациите од полицијата, на тетовецот му е одредена затворска казна, за сторено убиство, однсоно во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ. По него се трагало од 2008 година.