Доскорешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева од СДСМ, преку Фејсбук се пожали дека во текот на изминатата ноќ со пурпена биле запечатени вратите на нејзиниот автомобил, објавувајќи фотографија од возилото. Јанчева, која живее во скопски Аеродром, преку Фејсбук, исто така, му се обрати и на актуелниот градоначалник на општината Тимчо Муцунски по повод инцидентот. Тој потоа го осуди оштетувањето на автомобилот.