Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид, сакајќи да ги ограби.
Според информациите на охридската полиција, вчера во 20 часот, полициски службеници на улица Св. Климент Охридски во Охрид го привеле Х.С.(23) од Скопје.
Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи во рацете влегол во три златарници на истата улица.
По целосно документирање на настанот и во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.