Жена заврши со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата „Јадранска магистрала“.
Станува збор за 40-годишна жена од селото Волково, која управувајќи автомобил се судрила со 32-годишник од Косово, информираат од полицијата.
Жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.