Полициски службеници уапсиле 16-годишен малолетник од Скопје откако на 18 јануари по полноќ, при претрес кај него била пронајдена сомнителна прашеста материја.
Како што информираат од МВР, настанот се случил на улицата „Женевска“ во скопската населба Тафталиџе.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.