Дождот и снегот кои во текот на ноќта го зафатија кичевскиот регион, дојдоа во вистинско време за целосно да се изгаснат пожарите кои на шест локации беа присутни во кичевскиот регион во изминатите неколку дена и, дополнително придонесоа да се зголеми влажноста на тревните површини и шумата, што ќе оневозможи појава и на нови огнени жаришта.
-Природата како да ги послуша нашите молби и во вистински час ни донесе снег и дожд, кои ќе придонесат за целосно изгаснување на пожарите во нашиот регион и неможност од појава на нови пожари во догледен период. Снегот кој во повисоките реони е со височина од 5-10 сантиметри е многу благопријатен за овој проблем, бидејќи ќе ја зголеми влагата на старата трева и ниско стеблестата шума кои, беа најлесно се запалливи и потенцијална опасност за нови пожари на отворен простор. Очекуваме деновиве да добиеме и повеќе влага во природата, што секако ќе придонесе на подолг рок да нема пожари во нашиот регион, во периодот кога во изминатите години и децении речиси и да не беа евидентирани – истакна Сузана Тасеска од РЦУК Кичево.
З.А.