Скопјанка ја задавила својата мајка во семејниот дом на улицата „Ристо Равановски“, а случајот самата го пријавила во полициската станица Карпош.
МВР јави дека мајката била на возраст од 74 години, а полициските службеници по пријавеното излегле на местото на настанот и во домот ја затекнале почината. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а нејзината ќерка е задржана во полициска станица.