Скопјанка на возраст од 43 години била приведена на скопската улица Христо Татарчев откако во семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг.
По нападот, на 43-годишниот маж му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Жената е обезбедена и пренесена во психијатриска болница, а полицијата работи на расчистување на случајот.