Дваесет и шестгодишна скопјанка синоќа била физички нападната на прославата по повод поканата на НАТО, што се одржа во скопскиот Градски парк.
Како што соопшти полицијата, В.Џ.(26) од Скопје пријавила дека околу 21.10 часот во Градски Парк во Скопје додека имало прослава била физички нападната од непознато машко лице додека била со неколку незини пријатели држејќи платно со порака пред бината.
Се преземаат мерки за расчитување на случајот.