Полицијата приведе 35-годишна скопјанка осомничена за кражби на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите на МВР, вчера е приведена Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела измама, дрска кражба и кражба на подрачјето на Гази Баба.
По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела.
Од МВР информираат дека било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби.
По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.